Гувернерот на ТЕКСАС ќе апси пратеници: Избегале во Вашингтон за да нeмa кворум

Републиканскиот гувернер на Тексас, Грег Абот, вети дека ќе ги уапси пратениците од редовите на демократите кои побегнаа од државата во обид да спречат промена на изборните закони …

„Веднаш штом ќе се вратат во државата Тексас, ќе бидат уапсени, ќе бидат затворени во кабинетите во капитолот во Тексас се додека не ја завршат својата работа“, рече Абот. Демократите во Тексас побегнаа за да го сопрат законодавниот процес. Позадината на приказната е дека законодавниот дом на Тексас, кој во моментов има републиканско мнозинство (18-13 во Сенатот и 83-67 во Домот) е подготвен да го изгласа предлог-законот за реформа изборниот законик. А слични предлог-закони има низ цела Америка, поентата е да се осигура дека луѓето кои гласаат имаат законско право на глас и, всушност, се тие што тврдат дека се.

Најспорни прашања за демократите се предлог-законите за прочистување на избирачките списоци, особено, легитимација при гласањето. Проблемот е што повеќето Американци поддржуваат идентификација со фотографија. Според анкетата на Монмут, кога станува збор за фото идентификација, 62% од демократите, 87% од независните и 91% од републиканците ги поддржуваат овие измени. Тексас, со силно републиканско мнозинство, има намера да усвои предлог-закон што огромното мнозинство Американци ќе го поддржат. Демократите во Тексас побегнаа од својата држава со приватни авиони во понеделникот со цел да ги спречат републиканците во државата да го донесат предлог-законите за правото на глас преку државниот законодавен дом „Денес, демократите во Домот на Тексас стојат обединети во нашата одлука да не обезбедат кворум и да одбијат да дозволат законодавната власт предводена од републиканците преку опасно законодавство да ја погази слободата на гласање на Тексанците“, се наведува во соопштението на парламентарната група на Тексас.

Најмалку 58 демократски пратеници го напуштија Остин за да летаат за Вашингтон Д.Ц со два приватни авиони изнајмени за таа пригода и ќе го искористат времето во Капитолот на САД за да соберат поддршка за промена федералното законодавство за гласање.

Заминувањето на демократите го парализираше Домот во Тексас бидејќи законодавниот дом бара кворум од две третини од пратениците да бидат присутни за водење деловни активности. Тоа е слично на потегоѕ што демократите го користеа во 2003 година кога побегнаа во соседна Оклахома за да го блокираат планот на републиканците за прекројување на конгресните области на државата.

Демократите ризикуваат апсење и очекуваат републиканци да испратат полиција, можеби и ренџери од Тексас, по нив.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838