Заев и Ахмети ќе одржат средба за локалните избори

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев најави дека до крајот на овој месец ќе одржи средба со лидерот на коалицискиот партнер ДУИ, Али Ахмети, на која ќе стане збор за евентуална соработка на локалните избори. Според Заев, соработката најмногу зависи од личноста која ќе биде кандидирана.

-Еден од условите да седнеме заедно е дека треба да има профилирани кандидати. Тоа е многу важно затоа што ниту Заев ниту Ахмети ниту Мицкоски или кој било не ги носи гласачите во свој џеб па да ги истури на гласачкото место. Гласачите мора да бидат поврзани со личноста. Затоа реков, локалните избори се избори на личност. Партиите имаат влијание, но пресудна е личноста – рече Заев, Инаку, тој денес претстави 30 кандидат за градоначалници од редовите на СДСМ, меѓу кои е и актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов. Покрај него, Велимир Смилевски повторно ќе трча за Бутел, Филип Темелковски за Кисела Вода, Сашко Николов за Штип, Константин Георгиевски за Охрид…


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838