ВАРДАР експресно во Прва лига на местото од ПЕЛИСТЕР


Битолски Пелистер се соочува со проблем пред претстојната сезона во ПМФЛ.


Тие имаат ултиматум од фудбалската федерација на Македонија, да регистрираат 12 професионални фудбалери најдоцна до 15-ти јули, инаку нема да добијат лиценца за да настапуваат во ПМФЛ идната сезона.


Главен фактор за ваквата ситуација е финансиската ситуација, која изминатиот период ја диктираше пандемијата, која е уште присутна но во помали пропорции.


Пелистер досега има регистрирано петмина професионални фудбалери, па за да настапат во ПМФЛ идната сезона, тоа ќе мора да го комплетираат со уште седум договори.


Сега постои реална опасност битолската екипа да биде исфрлена од ПМФЛ, доколку не го испочитува зададениот рок (15-ти јули).


Во таквиот развој на настани, секогаш има некој тим од ВМФЛ, кој чека своја шанса за евентуален трансфер во ПМФЛ. Повеќемина веруваат дека Вардар би добил шанса експресно да се врати во елитата, доколку Пелистер не ги испочитува дадените рокови од ФФМ.


извор: спорт клуб

29060043_2016680208590936_36926234558838