БЕСИМИ: Ќе има поскапување на СТРУЈАТА, додека не се изгласа законот за намалување на ДДВ

Додека не се изласа законот со кој ДДВ ќе се намали од 18 на 5 проценти, актуелната законска стапка од 18 проценти ќе се пресметува во сметките за струја, дециден е министерот за финансии Фатмир Бесими. Ова всушност значи дека сите што ќе добијат сметки за струја во која влегуваат и денови од јули, ќе имаат значително зголемување на сметката, иако намалувањето на данокот требаше да го искомпензира скокот на цената на струјата.

– Во прашање се денови, или недели додека се изглaса новото законско решение со намален данок. Што побрзо се изгласа, тоа ќе биде подобро за граѓаните – изјави Бесими. ЕВН веќе ги подготвува сметките со скалести датуми, како што практикуваше и досега.


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838