ФОТО I Рашковски со парола го пречекуваат на скопскиот аеродром


Со сатиричен транспарент „Bienvenido Señor Rashko“ група граѓани се собраа да го пречекаат Драги Рашковски на скопскиот аеродром. Секретарот на Кабинетот на премиерот Зоран Заев, Драги Рашковски, се враќа од Мексико, откако денеска му истекува решението за кое Владата претходно информираше дека решението за годишен одмор му е со важност од 15 до 31 март.

Поранешниот генерален секретар на Владата замина на одмор во егзотичната прекуокеанска дестинација без разјаснети дилеми околу спорната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, а јавноста му замери и за тоа што патува на примамливо место за време на пандемија.

Во последната изјава Рашковски рече дека нема да го прекине одморот, односно дека во Мексико останува до 31 март, а правните дилеми околу набавката ги остава на институциите.

И покрај тоа што група граѓани се собраа да го пречекаат Рашковски сепак не се најдоа со сектретарот на Кабинетот на премиерот. Во продолжение може да го видите нивниот транспарент.

Рашковски беше актуелен во јавноста по сториите што ги објави „360 степени“ поврзани со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој тој ја направил во времето кога беше генерален секретар на Владата за вредност од 81 000 евра. Според сторијата, Рашковски го набавил за потребите на Министерството за внатрешни работи, а оттаму велат дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им треба.


lизвор: ider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838