СЛАВИ ТРИФОНОВ: Ќе се обидеме да испратиме астронаут од Северна Македонија во вселената


Како една од главните точки во програмата на неговата влада, лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, предлага испраќање на најмалку двајца бугарски астронаути во НАСА.


Тие мора да бидат маж и жена, и идната бугарска влада ќе се обиде да приклучи и астронаут од Северна Македонија.


Партијата на Трифонов по синоќешните парламентарни избори во Бугарија има најмногу освоени гласови, па останува да се види дали ќе состави Влада.


Покрај тоа, во програмата на ИТН пишува дека партијата на шоуменот ќе ја внесе Бугарија во Европската вселенска агенција. Бугарија е единствена членка во ЕУ што не е членка наедно и на агенцијата.


Според последните резултати, „Има таков народ“ ќе има 65 пратеници, а „ГЕРБ“ ќе биде застапен со 63.


Трифонов во денешното телевизиско гостување рече дека ќе го прелдожи 52-годишниот економист Николај Василев за премиер.


gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838