РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ: Долгот ќе се зголеми за 200 милиони евра, Дефицитот за 6,5%, Инфлација 2,1%

Со ребалансот на буџетот СДСМ ќе го зголеми долгот за 200 милиони евра, а народот од тоа нема да добие ништо, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Натаму во реакцијата во врска со ребалансот на буџетот кој веќе е во собраниска процедура се вели.


Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседава собраниската Комисија за финансирање и буџет која ќе расправа за ребалансот на Буџетот за 2021 година, во второ читање.


Вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции, додека вкупните расходи се на ниво од 268,8 милијарди денари или се повисоки за околу 21 милијарди денари. Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.

Дефицитот е проектиран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП, а стапката на инфлација е предвидено да изнесува 2,1 процент. Според надлежните, ребалансот значи стабилизирање на економијата, а во него клучни сегменти се зголемувањето на капиталните инвестиции и продолжувањето на поддршката за стопанството. За опозицијата, пак, ребалансот е предизборен поткуп.

Расправата за ребалансот почна на 1 јули.



извор: денешен

29060043_2016680208590936_36926234558838