УНИШТЕН: Стадионот од 200 000 евра во Горно Оризари - Жителите гневни на Наташа Петровска (ФОТО)


Стадионот во Горно Оризари во вредност од 200 000 евра со модерни соблекувални, рефлектори, трибини, систем за наводнување, стадион кој ги исполнуваше сите услови за играње фудбал во втора македонска лига комплетно е УНИШТЕН.

Жителите на Горно Оризари револтирани од односот и незаинтересираноста на локалната власт и градоначалничката Наташа Петровска.

- „Ако некогаш бевме горди жители на Горно Оризари и на фудбалот кој се играше на стадионот, денес вака изгледа овај стадион, без вода, без струја, без трева, искршени клупи за резервни играчи, искршени трибини за гледачи, клупи и столчиња нема, неискосена трева, неисчистено, загадено“!
- „Заборавен е стадионот и запуштен како да се наоѓа во некое далечни место во кое нема повеќе жители, а не како за населба од 4000-5000 жители“.
- „Горно Оризари е оддалечено само 2 км од центарот на градот, место во кое градоначалничката Наташа Петровска освои 930 гласови од запишаните 2800 гласачи и сега без трошка срам и совест изјавува дека повторно сака доверба и втор мандат за градоначалник“.
- „Едно ни е јасно и сигурно веќе познато, крајот доаѓа на оваа локална власт и никогаш повеќе да не се повтори Наташа Петровска“,
- „Се надеваме дека и за Горно Оризари доаѓаат подобри денови и ќе биде место во кое со гордост ќе живееме ние и нашите деца, ќе растат во здрава средина со уредени паркови и спортски објекти а нашиот клуб повторно ќе го вратиме во трета и втора македонска лига“.
29060043_2016680208590936_36926234558838