МЕСИ ГО ОСТВАРИ СОНОТ: Аргентина е шaмпионот на Копа Америка


Фудбалската репрезентација на Аргентина е освојувач на Копа Америка за оваа година, откако ноќеска минимално го совлада Бразил (1-0) во големото финале одиграно на теренот на противникот.

Триумфот на „гаучосите“ посебно одекна во целиот свет, со оглед што ова е прв трофеј на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, со својата репрезентација. Победата и успехот е уште посладок бидејќи беше остварен на култната „Маракана“.Финалето беше решено уште во 22. минута, кога Анхел Ди Марија со лоб-удар го постигна единствениот погодок на средбата.

Бразилците до крајот доминираа, дури и постигнаа погодокот, кој, сепак, им беше поништен од офсајд, додека Аргентинците одиграа подефанзивно и чекаа шанса од контранапад.Со оваа победа Аргентина по 15. пат ја освои титулата на Копа Америка, израмнувајќи се со досегашниот рекордер во ова натпреварување селекцијата на Уругвај.

29060043_2016680208590936_36926234558838