Попладне пороен дожд и грмежи


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачост, а веќе околу пладне на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се најавува невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични прзнења и град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 22, а максималната од 29 до 37 степени. Во Скопје, слично време со појава на нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 33 степени.

И во недела во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Температурата и во недела ќе биде пониска за неколку степени. Услови за изолирана појава на нестабилност ќе има и во понеделник по што следува период на стабилно време.


29060043_2016680208590936_36926234558838