Хари Мата Хари и Сергеј Четковиќ вечерва во Битола

Популарните музичари Сергеј Четковиќ од Црна Гора и Хари Мата Хари од Босна вечер ќе имаат настап на ракометното игралиште во Битола.

Концертот е насловен „Поп симфонија” и е дел од фестивалот ,,Балкан гала”. Покрај регионалните музички ѕвезди, ќе настапат и Елена Ристеска, Мијата, Дарио, Ѓоко Танески и Димитар Андоновски. Во склоп на фестивалот завчера се одржа концертот „Рок симфонија”, а настапија Аки Ракимовски и Дадо Топиќ како регионални ѕвезди, и Дани Димитровска, Сашо Паркет, Ирена Димовска и други наши музичари. На 11-ти јули ќе се одржи концертот „Електро симфонија” со ди-џеј Тери Франсис од Британија, Маги Џанаварова од Бугарија и Лав Ајтоја од Грција. Од земјава ќе настапат Виктор Апостоловски, Сара Гигова, Рената Кралевска, Мартина и други. Домаќин на фестивалот е Камерниот оркестар на Битола.

Публиката на концертите има можност да ги слуша хитовските композиции во нови симфониски аранжмани.


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838