Секоја минута во светот од глад умираат 11 луѓе

Организацијата за намалување на сиромаштијата (Оксфам) соопшти дека 11 лица умираат од глад секоја минута во светот и дека бројот на гладни луѓе за една година е зголемен за шестпати.


Во извештајот под наслов „Вирусот на глад се зголемува”, Оксфам истакнува дека бројот на смртни случаи од глад го надминува бројот на смртни случаи од Ковид-19, што убива околу седум лица во минута.


– Статистиката е застрашувачка, но мора да имаме предвид дека овие луѓе се соочуваат со незамисливо страдање. Дури и една личност што умира од глад е премногу, изјави претседателот на Оксфам, Аби Максман.


Оксфам наведува дека 155 милиони луѓе ширум светот се соочуваат со неизвесност кога станува збор за храната и дека тоа е за околу 20 милиони повеќе од минатата година. Околу две третини од нив се соочуваат со глад поради воени конфликти.



извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838