ЈОСИФОВСКИ: Не власт по секоја цена, ќе се срамите имавте шанса и ништо не направивте за Битола


Не власт по секоја цена !!

Ние не се бориме за власт по секоја цена, се бориме за власт која ќе направи подобар и попросперитетен живот за нашите сограѓани. Се бориме да ги промениме грешките на нашите претходници кои многу тежат над нашиот грб, ние тоа многу добро го знаеме, посебно ние младите. Ние, се бориме за власт која ќе го разубави нашиот град, се бориме за подобра и попросперитетна Битола. Се бориме за нови инвестиции и нови проекти. Борбата ќе трае се додека секој млад човек не почувствува дека овој град е неговото место за живеење, дека овде во овој град треба да создаде семејство, едноставно да го засака повторно својот роден град.

Тоа ќе го постигнеме со многу, многу работа, но ќе повторам, не по секоја цена. На раководните функции мора да дојдат луѓе со лице и став. Луѓе кои израснале на плочките на Широк Сокак и кои ги боли секој пораз на својот град во изминатите години. Луѓе кои ќе бидат секој ден помеѓу народот, да разговараат и да ги решаваат нивните проблеми. Луѓе со морал и интегритет во своите места на живеење. Луѓе на кои не им е важна бојата, верата, националноста. Луѓе кои можат да го направат овој град да биде среќен и повторно да светне во познатото свое светло. Луѓе кои ќе ја вратат КОНЗУЛСКА БИТОЛА на своите стари патеки.


Ние ќе се бориме за секоја неправда да се исправи, да се врати довербата во институциите, а тие институции да му служат на народот (од тој ист народ од кој земаат плата). Ќе се бориме се додека не го ослободиме судството од канџите на мафијата и се додека не се отстранат сите нарачани пресуди.

Ќе се бориме, да има одговорност за секој грам продадена дрога од страна на сегашните власти (мафијаши), за секој денар земен со уцена (Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3 ), за секој наместен тендер во РЕК Битола, ќе се бориме до крај да се пронајде секој украден денар во овие 30 години. Дека ќе не биде, јас велам мора да не биде, мора еден ден оваа да биде Држава, еден ден мора секој човек да се гордее дека е Македонец и да биде горд дека доаѓа од Битола.

Доволно го лажевте народот, доаѓаат нови генерации на политичари, кои ќе се борат за се погоре наведено и ќе се изборат до крај !!! А вие ќе се срамите да ги згазнете плочките на Широк Сокак, зошто имавте шанса ама не направивте ништо! И да, ќе одговарате за секој украден денар и за секоја лага искажана од вас.

Слобода ќе има и за браќата уставобранители, слобода ќе има и за нас поробените од оваа хунта. Вие одите на местото на Браќата за брзо !!! Одговорност ќе има !!

Битола ќе ве казни, а од Битола ќе ви почнат маките. #БитолаЕГрадот


29060043_2016680208590936_36926234558838