Нема пречка да почне со градба првата кула кај „Холидеј Ин“

Првата од трите кули што треба да се градат кај „Холидеј Ин“ може да почне да се гради откако градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ја потпиша градежната дозвола, а барањето стана правосилно.

Според градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ нема пречка инвеститорите „Фешн груп“ и Македонска православна црква (МПЦ-ОА) да почнат да градат откако пропадна можност за суспензија на Деталниот урбанистички план за тој дел. За првата кула која треба да биде на 20 ката се уплатени комуналии од 2,4 милиони евра на Град Скопје и Општина Центар. Потоа треба да се гради станбената зграда од 22 ката, со зеленило на терасите и на крај деловниот центар од 16 ката.


извор: фокус


29060043_2016680208590936_36926234558838