Ивановски во осминафинале на Вимблдон


Големата надеж на македонскиот тенис Калин Ивановски обезбеди пласман меѓу 16-те најдобри на јуниорскиот турнир во Вимблдон, откако денеска го совлада Литванецот Едас Бутвилас со 7-6(4), 7-6(6). Противник на Ивановски за влез во четвртфиналето ќе биде домашниот тенисер Џек Пинингтон Џонс, кој е седми носител на турнирот во Вимблдон.

Македонскиот тенисер во првото коло го совлада десетиот носител, Американецот Дели Бланш, со 7:5, 7:6(4).

29060043_2016680208590936_36926234558838