Стејт департмент за Македонија: Улогата на Владата во економијата создава можност за корупција

Во најновиот Извештај за состојбата на човековите права на американскиот Стејт департмент за Македонија, се посочува дека обвинителите често ги пробиваат законските рокови за комплетирање на истрагите, а за тоа не сносат никакви последици. Според законот, истрагите треба да се завршат за 6 месеци, а роковите може да се продолжат до 12 и 18 месеци за покомплексните случаи на организиран криминал со дозвола на претпоставениот, но во пракса, обвинителите често ги пробиваат роковите.

Во Извештајот се забележува и дека судската непримерност, прекумерниот притисок врз судиите, одложената правда и несоодветното финансирање на правосудството и обвинителството и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и дека тоа влијае врз јавната доверба во правосудството. Исто така, се забележува и дека владата демонстрира поголема почит за независноста и непристрасноста на судството во споредба со претходните години.

Во однос на слободата на говорот, вклучувајќи ги и медиумите има неколку извештаи дека владата извршила притисок врз новинарите да се самоцензурираат.

Во делот на корупцијата и недостатокот на транспарентност на Владата во извештајот се наведува дека Законот предвидува кривични казни за осуда за корупција од страна на службени лица што генерално се спроведува, но имаше извештаи за службеници кои се занимаваа со корупција. Невладините организации изјавија дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција. Според граѓанските организации за борба против корупцијата, има индикации за коруптивни практики и лабава длабинска анализа во јавните набавки, како на централно така и на локално ниво.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838