Стојанче Ангелов: Противпожарните авиони ова лето нема да бидат во функција, не палете скари


Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување на кризи, на денешната прес-конференција им порача на граѓаните да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите, односно да не плат скари и да фрлаат догорчиња, затоа што, како што рече тој, ова лето нема да функционираат противпожарните авиони. Ова лето ќе се потпираме на силите на ЈП „Национални шуми“ и територијалните противпожарни служби, а исто така и Националните паркови треба да имаат свои тимови за гасење.


- Двата авиони на Дирекцијата за заштита и спасување не се функционални повеќе од две години и ова лето не можеме да сметаме на нив. Последен одговор е нашата армија која може да учествува со наредба на претседателот, а тука се и хеликоптерите, но нивниот број и употреба е лимитирана, особено кога температурата е над 40 степени. Хеликоптерите на МВР може само да го обезбедуваат местото а не активно да го гаснат, затоа што не се опремени соодветно за тоа, рече Ангелов.


Тој рече дека економските и штетите по природата од летните пожари се огромни, не само по дрвната маса, туку доаѓа и до ерозија на земјиштето. Побара од граѓаните доколку забележат пожар, веднаш да се јават на 195, телефонскиот број ЦУК или на 183 на противпожарната служба.


- Можностите се лимитирани за гаснење. Многу помоќни држави тешко се справуваат, како што беше случајот со цело изгорено село во Канада каде имаше и жртви, а така е и во Калифорнија и Австралија, додаде Ангелов.


gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838