Николов кај Лазаров: Пандев по мечот со Холандија во автобус доби повик и заплака


Македонската фудбалска репрезентација го постигна историскиот успех од своето постоење со пласманот на завршницата на едно Европско првенство.


Го завршивме настапот на првото Европско првенство по групната фаза, откако загубивме од Австрија, Украина и Холандија. Сега, емоциите полека слегнуваат, а една интересна случка од Амстердам раскажа Бобан Николов.


Во гостување на Јутуб емисијата „Лазаров Шоу“, Николов зборуваше за случка во автобусот по натпреварот со Холандија. Тој дуел беше последен репрезентативен за Горан Пандев, а играчот за врска раскажа емотивна приказна за повик од Жозе Мурињо.


„По завршувањето на натпреварот со Холандија, си заминавме со автобус од стадион кон хотелот. Атмосферата беше тажна, поради последниот натпревар на Пандев.


Пристигнавме пред хотелот и пред да го напуштиме автобусот, на Гоче му се јави Жозе Мурињо. На видео повик, Мурињо почна да му зборува и заплака.


По него, заплакавме сите, бидејќи ако добиеш повик од човек како Мурињо, од таква природа, знаеме што тој значи во Европскиот и општо светскиот фудбал…


-Јас кажав многу пати, Македонија никогаш не може да му се оддолжи на Пандев, таков играч не знам дали ќе се роди“, изјави Николов.


Струмичанецот соработуваше со Мурињо во своите денови во дресот на Интер, кога заедно со Португалецот го остварија најдобриот успех со фамозната „триплета“.


Тие го совоија италијанското првенство, Лигата на шампионите и светското клупско првенство. Одамна е познато дека стручњакот многу го цени Пандев, а оваа анегдота е уште еден доказ.


Пандев остави неверојатна трага во македонскиот фудбал, замина во пензија како човек со најмногу настапи и голови, а беше и еден од клучните фактори за исполнувањето на сонот на многу генерации…

29060043_2016680208590936_36926234558838