Стејт департмент: Корупцијата е проблем во Македонија

Иако напорите на Владата да го насочи производството кон потребите и да ги контролира цените на почетокот на пандемијата во голема мера се завршени, ограничувањата за движење на луѓето и значителното зголемување на невработеноста ја ограничија потрошувачката и ги забавија услугите потребни за отворање бизнис, се наведува во извештајот на Стејт департментот за климата за инвестирање во С Македонија за 2021 година.

„Пандемијата нагло ја смени ситуацијата со БДП на земјата, преминувајќи од пораст од 3,2 проценти во 2019 година на пад од 4,5 проценти во 2020 година, иако во март Владата предвидуваше дека економијата ќе порасне за 4,1 процент во 2021 година. И додека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија и правната рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем“, стои во извештајот. Со цел да се зголеми транспарентноста и отчетноста при јавните набавки, како што се посочува, Бирото за јавни набавки воведе електронски систем кој овозможува објавување на известувања од домашни и меѓународни институции, прегледи на тендерска документација без регистрација во системот, е-плаќања за употреба на системот, електронско архивирање, и електронско поднесување жалби.

„Чести се извештаите за непотизам на јавните тендери. Владата не обезбедува никаква посебна заштита на невладините организации вклучени во истрагата на корупцијата. Многу бизниси кои работат во Северна Македонија, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството“, се нотира во извештајот.

Дополнително, во извештајот се посочува на бројни меѓународни извештаи, кои забележуваат дека владеењето на правото останува клучен предизвик во Северна Македонија во смисла на прекумерно владино, бизнис или политичко мешање во судството и недоволното финансирање и управување со административните судови како големи пречки.


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838