ВМРО ДПМНЕ -БИТОЛА СО ОДГОВОР НА РЕАКЦИЈАТА НА „ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА“


ОДГОВОР НА РЕАКЦИЈАТА НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА:


Одговорните лица во ЈП ПАЗАРИ Битола, Владе Атанасовски во својство на директор и Валентин Груевски како претседател на комисијата за јавни набавки наместо јавно да шират невистини да си го прочитаат член 6 од договорот за јавна набавка со веќе затворената фирма ЕНЕРГОМ ГРУП во која како сопственик се јавува нивниот партиски соборец Благојче Котески.

Да, точно согласно информациите од Централен регистар фирмата е ЗАТВОРЕНА, а истата имала обврска 2 години да се грижи за монтираните фотоволтаици и истите имале гаранција од фантастични 25 години.


Што доколку се појави дефект на милионските фотоволтаици кој ќе ја надомести штетата?

Има уште многу прашања кои треба да бидат поставени и одговорени, но тоа го оставаме на надлежните институции.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum