Црни денови за текстилниот сектор: Паѓа бројот на вработени, намален и извозот

Бројот на отпуштени во текстилниот сектор се зголемил за 128% од стартот на корона кризата. Познавачите велат во оваа гранка криза имаше и претходно, сега дополнително се засили. Освен отпуштања, во текстилот е регистрирана и злоупотреба на државна помош за исплата на минимална плата, неисплатени додатоци, и други прекршувања. Најмногу на удар се најдоа жените.

Според Ампева, најголем проблем е тоа што досега никој не одговарал за злоупотребата на државната помош за плата. Од ССМ велат дека ако нивниот предлог бил прифатен, вакви злоупотреби на државни пари немаше да има.

ДИТ од стартот на корона кризата врши засилени надзор. Она што констатирале инспекторите е дека кога ќе се соочат со казна, газдите постапуваат по препораките. Истражувањето за состојбата во тектилниот сектор покажува дека и покрај сите проблеми во секторот растеле платите. Истражувањето на ЗМАИ покажува пад на извозот во текстилниот сектор за 300% во 2020 споредено со 2019 или минусот за само една година надмина 15,5 милиони евра.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838