Земјоделците од поранешна општина БИСТРИЦА: Субвенциите не се исплатени како и штетите од невремето


Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА Пеце Милевски, пратеникот Љупчо Димовски и претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, остварија средба со земјоделците од населените места во поранешна општина Бистрица.


Земјоделците револтирани од односот на министерот и минисерството за земјоделие, тврдат дека се заборавени, се пожалија дека субвенциите сеуште не се исплатени, исто како и штетите од невремето.

- „Семенскиот материјал оди нагоре, ѓубривата, нафтата горивата одат нагоре. Краен рок е министерството да преземе некои мерки и мора веднаш да се исплатат субвенциите.“
- „Пари нема. Како можеме да преживееме, не знам. Да се свести Валдата да речи овие храна произведуваат. Секој ден во маркетот леб, млеко и млечни производи се купуваат, тоа се продава, пари се вадат, данок плаќаме, а ние нашето не можеме да го земеме“, велат сточарите“.
- „Поради ваквите услови, луѓето се помалку се одлучуваат да се занимаваат со земјоделие и сточарство во Пелагонија, регионот кој порано беше најбогат со млекопроизводство, а денес сточниот фонд, по нивни пресметки, е намален за 60 проценти“.
- „Се додека ги бараме парите со сила нема радост во сточарството и земјоделството.“

29060043_2016680208590936_36926234558838