Ретки се ваквите хумани директори: По 100 денари плата за вработените во „Комуналец“ од Виница

Вработените во јавното комунално претпријатие „Солидарност“ од Виница добија плата за мај, но останаа во неверување од сумата што легна на нивните сметки. Управата исплатила по 100 денари за 102 лица, информација што ја потврдија и од Синдикатот, со напомена дека тоа нема да биде се и оти остатокот од средствата ќе биде наскоро.

Причината што првично се исплатени по нешто повеќе од евро и пол по човек била образложена со грижата на раководството да не дозволи вработените да останат без здравствено осигурување.

– Утре очекуваме средба со градоначалникот на Виница за изнаоѓање на решение во ситуацијата. Од Општината имаме побарувања за три и пол милиони денари, плус имаме побарувања за наплата за нашите услуги. Доколку не дојде до средба, тогаш ќе следува организирање на работниците, вели Павле Стојковски, в.д. претседател на синдикалната организација во „Солидарност“, за ТВ Телма.

Од раководството на фабриката на чие чело е Александар Трајков засега молк. Според податоци од зав ршната сметка, „Солидарност“ лани остварило приходи во износ од 61,2 милиони денари, сума од која најголем дел отпаѓаат на плати за вработените, додека расходната страна изнесува 28 милиони денари. Седум милиони од нив отпаѓаат на судските процеси на сегашни и поранешни вработени против виничкото комунално претпријатие во последните десет години, воглавно за непочитување на Колективниот договор и неисплаќање на отпремнини и регрес за годишен одмор.



извор: шило магазин

29060043_2016680208590936_36926234558838