Направија 120 милиони евра! Кои се најголемите македонски млекарници?


Битолската Млекара и понатаму останува број еден по пазарно учество (покрива третина од целиот пазар н.з.) и е неприкосновена според остварениот профит. Од големиот значаен прогрес лани направија „Трница“ и „Бучен Козјак“ за сметка на „Здравје Радово“ кој беше број два до 2019 година. Во големата петорка е и македонската испостава на хрватски „Дукат“. Од тетовските пет млекарници „Сентис“ најдобро котира лани. Во корона годината дури 20 млекарници успеале да направат приход од продажба поголем од еден милион евра!


Македонската млечна индустрија ја преживеа корона кризата и излезе посилна по големиот предизвик што го наметна најопасната здравствена пандемија лани. На нашиот пазар на млеко и млечни производи лани имаше 20 млекарници кои оствариле приходи поголеми од еден милион евра. Приходот на тие компании лани изнесуваше 120 милиони евра.


Од аспект на пазарното учество ниту лани имаше големи и значајни промени иако на прво место неприкосновена е најголемата млекарска компанија – Млекара Битола која има пазарно учество поголемо од една третина од целиот приход од продажба на 20 најголеми млекарски компании. Воедно има и најголем профит во апсолитен износ и единствена од млечната индустрија што има добивка поголема од еден милион евра.


Најголем продор на пазарот лани имаше млечната индустрија Трница која успеа да ги зголеми приходите за 98 отсто и лани за прв пат заврши со добивка.


Вториот најголем учесник на пазарот „Здравје Радово“ ја загуби својата позиција во директната борба со ривалот од Куманово – „Бучен Козјак“ кој книжи раст на приходите од 13 отсто.


Подружницата на хрватски „Дукат“ – битолски Лацталис МК и лани е во најголемите четири компании со убедливо најголем раст на профитот , во релативен износ, во споредба со својата конкуренција (најголемите пет компании).


Од 20 рангирани компании во реалитвен износ најголем раст на своето пазарно учество има најмалиот – компанијата Дени Милк од Кочани која благодарејќи на растот на приходите од 44 отсто го надминала прагот на приходи од 1 милион евра.


извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838