Додека Pycија и CAД се кapaaт – Кина прави pшyм: Шпиyнска афepa ја тpece Гepманија, yапceн човек

Властите во Германија уапсиле и обвиниле германски државјанин поради сомневање дека шпиунирал за тајните служби на Кина, соопштено е од германското обвинителство.

Во соопштението се наведува дека обвинетиот е идентификуван како Клаус Л. политиколог и дека работел во група на експерти од 2001 година. Кинеската тајна служба го ангажирала обвинетиот за време на неговото патување во Шангај 2010 година каде што од ноември 2019 година редовно испраќал информации за пари и патување во Кина.

Обвинетиот денес ќе се појави пред судот во Минхен. Клаус Л. наводно добивал информации преку високорангирани политички контакти кои ги запознал работејќи со група експерти.

Телевизијата АРД тврди дека обвинетиот работел за минхенската фондација “Hans Zajdel”, која е блиска на Христијан-социјалистичката унија на Баварија (ЦСУ) сојузник на канцеларката Меркел.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838