ЗА КИЧЕВО - ОХРИД СЕПАК НОВИ МИЛИОНИ: Се пролонгира рокот за автопатот, надзорот ќе чини 8,2 милиони


Над 8,2 милиони евра чини договорот кој Јавното претпријатие за државни патишта го склучило со Градежен институт Македонија за надзор за докомплетирањето на градежните работи на автопатот од Кичево до Охрид на Коридорот 8. Милионскиот договор веќе е објавен, а за надзорот Градежниот институт Македонија се здружува со скопската компанија Евро консалтинг. Овој договор следува по одлуката за пролонгирање на рокот за иzградба на оваа автопатска делница, а за што се прави и анекс на договорот со кинеската компанија Синохидро која е изведувач на работите. На 30 јуни годинава заврши вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Анексот на договорот за продолжување на рокот иако беше најавено за до крајот на јуни, уште не е испратен во Собрание.


Во новиот договор со ГИМ, пак кој е со рок на траење од 65 месеци или 5 години и пет месеци, 41 месец се за изградба на автопатот, а другите се за надзор во фазата по изградбата. Во делот кога ќе се гради, Јавното претпријатие всушност остава простор од 11 месеци од сега планираните ако евентуално има некои пролонгирања. Министерот Благој Бочварски, а и директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми еднаш веќе најавија дека рокот за изградба ќе биде пролонгиран до крајот на 2023 година односно до 31 декември таа година.


Дали овие дополнителни 8,2 милиони евра за надзор веќе се пресметани или станува збор за нови пари не успеавме да обезбедиме коментар од Јавното претпријатие. Ако се нови тоа значи и второ поскапување на изградбата на автопатот кој почна да се гради во 2014 година.


Откако ќе се пролонгира, ова ќе биде второ продолжување на рокот за изградба на оваа автопатска делница. Првично беше најавено да е готова во 2018 година, но со анекс на договорот се продолжи рокот до 30 јуни годинава. Тогаш, се зголеми и ценат ана чинење на автопатот на вкупно 598 милиони евра. Министерот затранспорт и врски Бочварски, рече дека со ова продолжување цената ќе остане иста.


„Работите на автопатот се со прогрес од 62 проценти, тоа значи дека од целата сума на чинење од 598 милиони евра на овој најголем инфраструктурен објект на државата се реализирани 62 проценти. Останатиот процент на реализација се работи, рече неодамна Бочварски.


gif


извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838