НЕМААТ СТРЕС - на Исланд со години тестирале четиридневна работна недела еве кои се резултатите


Во Исланд, од 2015 до 2019 година, тестирале четиридневна работна недела, односно работниците земале иста плата за помал број работни часови. Сега резултатите кои се објавени покажуваат дека експериментот бил „исклучително успешен“ и многу работници преминале на скратено работно време, пишува Би-Би-Си.

Продуктивноста остана иста или зголемена на повеќето работни места за време на експериментот, велат истражувачите.

Слични тестови сега се спроведуваат низ целиот свет, вклучувајќи ги Шпанија и Нов Зеланд.

На Исланд, повеќе од 2.500 работници учествуваа во експерименталната четиридневна работна недела, што претставува околу 1 отсто од работоспособната популација. Сè се одвиваше под покровителство на Градскиот совет на Рејкјавик и националната влада.

Многу работници се префрлија од 40-часовна работна недела во 35 или 36-часовна, велат истражувачите од британскиот тинк-тенк Автономија и Здружението за одржлива демократија (Алда) на Исланд.

Засега, 86 отсто од работната сила во Исланд или се префрлиле на работа со скратено работно време за иста плата или само ќе се стекнат со право на тоа, велат истражувачите. Работниците изјавија дека се под помал стрес, а тие исто така тврдат дека се чувствуваат поздраво, како и дека имаат подобра рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. „Оваа студија покажува дека најголемиот светски експеримент со скратено работно време во јавниот сектор е неверојатно успешен од сите мерки“, рече Вил Стронге, директор за истражување во Автономија. „Тоа покажува дека јавниот сектор е зрел да биде пионер на скратено работно време и ова може да биде лекција од која другите влади можат да научат нешто“, рече Стронге.

Извор и фото: Индекс.хр


29060043_2016680208590936_36926234558838