Царовска категорична: Нема да запреме со подготовка на дигиталните учебници

Министерството за образование и наука и Владата продолжуваат со подготовката на дигиталните материјали за учење и покрај повлекувањето на Предлог-законот за учебници од собраниска процедура. Реформите ќе почнат според утврдениот план од септември во прво и четврто одделение, истакна министерката образование и наука Мила Царовска на гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.


-Ние ќе продолжиме со имплементација на реформите. Светот се менува толку брзо што учебниците брзо застаруваат, затоа не е прашање дали ние сакаме или не дигитални учебници, туку дека мораме да ги воведеме затоа што тие ќе понудат поинаков пристап во учењето, од печатените учебници кои се со многу лош квалитет и со една илустрација на лекциите, рече Царовска.



извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838