МИЛЕВСКИ: Менде Синдикалецот добива тендери, синот потпишува а сопругата Летка во РЕК пречекува


Tаканаречен синдикален лидер, нема ниту збор за бројните афери поврзани со РЕК Битола, ниту збор за уништувањето на компанијата и за туркањето во загуба,. Нема ниту збор за потенцијалното затвворање на работните места во ЕЛЕМ, а нема ниту да изусти затоа што РЕК Битола златна кокошка, ова денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола Пеце Милевски.

-Менде Фидановски откако е главен синдикалец има 1.131.380 евра од РЕК Битола на име тендери, преку сопствената семејна компанија со еден вработен. Тој еден вработен беше неговата сопруга која ги потпишувала документите во фирмата која што само за година ипол има наплатено еден милион евра. И тоа не е доволно, па Летка од лани на почетокот на годината е вработена во РЕК Битола. Вработена е во службата за деловно техничка апликација како организатор на обработка и откако таа работи таму, во РЕК Битола, заедно со сопругот Менде Синдикалецот нивната семејна фирма заработува над милион евра од тендерите од загубарот РЕК Битола. Сега семејната фирма со еден вработен КОМПАКТ МСФ Дооел Битола, ја води нивниот син Мартин Фидановски. Така доаѓа до чудесна ситуација потписникот на тендерската во случајот Летка да си ја пречекува испораката испораката од нејзиниот тендерот во име на другата страна, компанијата која го распишала тендерот! Сама си пушта сама си пречекува, вели Милевски.

Тој додава и уште почудесна ситуација- синот на Менде потпишува договори во име на КОМПАКТ МСФ дооел Битола, фирмата на Менде, а сопругата на Менде Синдикалецот, до вчера управител на истата фирма, сега ја пречекува стоката од сопствената семејна фирма!?

-Заради вакви РЕК Битола пропаѓа затоа што овие слуги на режимот, комбинатот го користат како златна кокошка од која мора да се дрпа безмилосно. За крај порака до сите, а посебно до истражните органи ова е допрен глас за лица кои ги крадат нашите пари, парите на нашите деца во моментот се пустат и парите на нашите внуци и ова не се само пари на обичните граѓани, тоа се и ваши пари почитувани инспектори, обвинители, судии и останати, потенцираше Милевски.

29060043_2016680208590936_36926234558838