Четири потврдени случаи со Делта сој, за други четворица се чека резултат

Досега се потврдени четири случаи на делат сојот во Македонија, а се чекаат резултати на уште четири граѓани за кои нема информации дали патувале надвор од земјава, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

-Треба да заземеме поорганизиран пристап во однос на делта сојот и ќе разговарам со колегите министри од регионот за да замеме заеднички став. Од заразените со Делат сојот тројца се полесна клиничка слика, а пациентот од Велес е болнички пациент. За четирите нови случаи се чека потврда, но еден од нив е веќе на респиратор, појасни Филипче. Тој појасни дека се планира нов состанок на Комисијата за заразни болести во однос на рестрикциите на границите иако засега само Грција бара потврди и ПЦР тестови, но таму има и најголем пораст на заразени од Делта сој.


извор: фокус


29060043_2016680208590936_36926234558838