Американско-турски конзорциум без тендер ќе ги гради автопатите од Коридор 8 и 10


Ниту опозицијата, ниту власта немаа забелешки Американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка да ги гради автопатите од Коридор 8 и 10 без тендер, со директна спогодба со Владата. Предлог- законот потпишан од група пратеници кој се носи по скратена постапка, експресно доби зелено светло на Комисијата за финансирање и буџет и ќе биде испратен на гласање пред пратениците на пленарна седница.

„Ќе се направи издржан развој и поврзување на Македонија со коридорот 8 и 10. Како пратеници го предложивме овој закон за проектирање и изградба на овие инфраструктурни проекти за поврзување на државата со регионот и пошироко“, рече Кастриот Реџепи- Пратеник на Беса.

Во предлог законското решение нема прецизно колку пари државата ќе одвои од буџетот за изградба на патиштата, но изведувачот се ослободува од одговорност ако има грешка во проектирањето и изградбата на автопатите.

„Значи никаква одговорност ќе немаат а нема да има ниту надзор, одговорно менаџирање, Која ќе биде улогата на министерството за транспорт и јавното претпријатие?“, рече Љупчо Балковски -Пратеник ВМРО-НП. Владата пред неколку месеци склучи меморандум за разбирање со Бехтел и Енка. На идентичен начин како овој, пред неколку години во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, беше избрана и кинеската компанија Синохидро за изградба на автопатот Кичево – Охрид за што сега се води судска постапка.

29060043_2016680208590936_36926234558838