СДCM пpoтив СДCM во Kyманово: Максим Димитриевски ќе трча за втор мандат


Aктуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски се кандидира за втор мандат.


Димитриевски веста за повторното кандидирање ја соопшти на Фејсбук.


– Во изминатите неполни четири години реализиравме многу заеднички проекти за наше Куманово, финансиски си ја стабилизиравме општината и ја направивме перспективна. Поддршката од граѓаните на сите релевантни анкети и непосредни средби беше мотив повеќе во предвиден рок да поднесам кандидатура и програма со континуитет во мојата партија за нов градоначалнички мандат. Верувам дека ќе продолжиме и во иднина заедно со граѓаните да имплементираме нови проекти за едно модерно и европско Куманово, пишува тој.


Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски ја поднесе кандидатурата и е официјален кандидат за градоначалник на Куманово на претстојните локални избори кои ќе се одржат наесен, информираа и од Општина Куманово.


Покрај Димитриевски на својот Фејсбук профил , некогашниот, до 2017 год. , директор на Службен Весник на Македонија, а денес актуелен пратеник во Собранието, Мартин Костовски објави дека е официјален кандидат за градоначелник на Куманово.


29060043_2016680208590936_36926234558838