Ангелевска: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмани со кои ќе го спречи осиромашувањето на народот


Осиромашувањето и пљачката на народот од страна на Зоран Заев и СДСМ не запира, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Силвана Ангелевска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со најавата за поскапување на струјата, власта повторно планира да удри по џебот на сите граѓани. Имено, ВМРО – ДПМНЕ како одговорна народна партија, но и ние пратениците, за да го спречиме ова најавено поскапување на струјата и да ги заштитиме граѓаните од уште еден грабеж, пред повеќе од еден месец побаравме стапката на данокот на додадена вредност за електричната енергија да се намали од моменталните 18% на 5%. Нашето барање и предлог за намалување на стапката на додадена вредност од 18 на 5% е токму поради недомаќинското и криминалното работење на АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО каде доминантен сопственик е државата. Тие се единствената причина поради која Владата предводена од Заев и СДСМ планира поскапување на цената за електрична енергија. Важно е да се напомене дека власта го послуша барањето на ВМРО-ДПМНЕ, но половично. Тука се гледа неискреноста во намерата на Владата да излезе во пресрет на барањата на граѓаните и компаниите, вели Ангелевска.

Таа додава дека токму затоа, денес сакаме да ја информираме македонската јавност дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе поднесеме два амандмани со кои ќе го спречиме осиромашувањето на народот кое Владата на Заев го најавува и подготвува во следниов период.

-Имено, со првиот амандман бараме стапката на данокот на додадена вредност за електричната енергија од 5% да важи за сите, и за граѓаните и домаќинствата, но и за компаниите и индустријата. Додека пак, со вториот амандман бараме стапката на додадена вредност да остане 5% и во случај цената на електричната енергија да остане иста или продолжи да расте и во иднина. Сметаме дека ова е од исклучителна важност бидејќи со ова ќе спречиме ново и дополнително зголемување на цената на електричната енергија во следниот период. Ова се предлозите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со кои ќе се спречи дополнителното осиромашување и грабеж на македонските граѓани. Сега власта е на потег, вели таа. Ангелевска додава дека за таа цел, апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и до Владата предводена од Заев и СДСМ, доколку имаат искрена намера и се грижат за граѓаните, да ги прифатат овие предлози. Во спротивно, доколку не го сторат тоа, уште еднаш по којзнае кој пат ќе докажат дека грабежот на граѓаните завзема се поголем замав и никако да престане. Доста е!

29060043_2016680208590936_36926234558838