СДСМ во целост ја прифаќа peзолуцијата на BMPO-ДПМНЕ за Бугарија


На новинарско прашање дали СДСМ ќе ја прифати резолицијата предложена од ВМРО ДПМНЕ, денес на прес конференцијата портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов рече: -Позициите на СДСМ во однос на македонскиот јазик и идентитет се кристално јасни и многупати досега потврдувани и кажани во јавноста. Македонските идентитетски линии им се јасни на сите и на нашиот народ и на целата меѓународна јавност. Доколку Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ не се сигурни во тоа, ако им треба потврда и во Парламентот, ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме резолуцијата таква каква што е каква што всушност и видовме од медиумите. Затоа што официјален предлог до нас како пратеници нема. Значи согласно Уставот, ВМРО ДПМНЕ треба официјално до секој пратеник да ја испрати резолуцијата и секако ние, како одговорно мнозинство, ќе ја прифатениме таква каква што ја гледаме во медиумите, вели Костадинов.

29060043_2016680208590936_36926234558838