Ученикот од Штип на кој МОН одби да му ја даде наградата, и ДОНЕСЕ ЗЛАТО НА МАКЕДОНИЈА!


Дамјан Давков, талентираниот осмоодделенец од Штип, освои злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада –ЈБМО, чиј домаќин беше Молдавија.


-Во нашиот тим членувале и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски (заменик-лидер). Набљудувач на нашиот тим бил проф. Д-р Ѓорѓи Марковски.

Екипата се натпреварувала виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а учеството го организирал Сојузот на Математичари на Македонија. Веста за освоеното злато на Давков, ја сподели на социјалните мрежи неговата мајка Никица Давкова.


Младиот математичар се најде во центарот на јавноста на почетокот на годинава, кога освои прво место на државен натпревар по математика, а од МОН не му ја доделија паричната награда, бидејќи и покрај освоеното прво место не му следувала, затоа што бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование.

Решението дека е одбиен за доделување на парична награда, која изнесуваше околу 10.000 денари, бидејќи не ги исполнувал условите, односно бил помлад од останатите учесници, беше потпишано од министерката за образование Мила Царовска.

Тогаш таа за ,,Фокус” кратко изјави дека одлуката не е по волја, туку е регулирана според закон, бидејќи имало правила.


Набргу по бурните реакции во јавноста и отворените прашања до МОН од страна на граѓаните, дали на таков начин треба да се ,,поттикнуваат” талентираните ученици во државата, Царовска информираше дека било одлучено Давков да добие еднократна парична награда од 15.000 денари од Општина Штип, како и признание за почесен граѓанин на општината.


Талентот и успесите во областа на математиката на ученикот Давков им се добро познати на неговите сограѓани, кои го нарекуваат Штипски Питагора.


29060043_2016680208590936_36926234558838