ВМРО-ДПМНЕ на средбa со ЛДП, ДОМ и ДС за предлог-резолуцијата за спорот со Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку серија средби со пратеници од мнозинствово ќе бара поддршка за предлог-резолуцијата за дефинирање на македонските црвени линии во однос на идентитетските прашања во спорот со Бугарија, која во петокот ја најави партискиот лидер Христијан Мицкоски. Според најавите, пратениците Антонијо Милошоски и Тимчо Муцунски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска прво ќе се сретнат со пратеници од ЛДП и ДОМ, Моника Зајкова, Боби Мојсоски и Маја Морачанин, а подоцна и со пратеникот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

Милошоски и Муцунски пред пратениците од мнозинството ќе ја презентираат предлог-резолуцијата „за македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и непринципиелните блокади од Бугарија“.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838