ВМРО-ДПМНЕ: Да се рефундираат трошоците на 10.000 граѓани кои се вакцинирале во Врање


Власта да им ги рефундира трошоците на десетте илјади граѓани кои се вакцинирале во Врање, бара ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија потенцираат дека бројот на вакцинирани во странство е многу поголем од официјалните податоци.

-10 илјади македонски граѓани се вакцинираа само во Врање, а вкупната бројка кои спас од КОВИД19 најдоа пред се во Србија и соседството надминува 40.000 македонски граѓани. Овие лица плаќале цел живот даноци и здравствено осигурување, за сега во ситуација кога им се загрозени здравјето и животите, да мораат да одат во странство да се вакцинираат и да трошат дополнителни средства за таа цел, велат од ВМРO-ДПМНЕ. Од опозицијата додаваат дека смртноста од ковид во земјава е огромна и тврдат дека повеќе животи ќе се спасеа ако масовната вакцинација почнеше во јануари или февруари.

-Сега власта ако има барем грам доблест ќе прифати одговорност и ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за рефундирање на средствата на граѓаните кои поради немањето вакцини во Македонија се вакцинираа во странство. Тоа е најмалку што власта може да стори да ја исправи оваа неправда кон оние кои со вакцинирањето во соседството го заштитија своето здравје, здравјето на најблиските и придонесоа за јавното здравје, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


29060043_2016680208590936_36926234558838