ВИДЕО ДРАМАТА ПРОДОЛЖУВА I Филипчe: Пендаровски дoнeсе нyлa вaкцини


Министерот за здравство Венко Филипче е вечерва гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Дж

Филипче го коментираше ставот на Пендаровски, кој денеска после Советот за безбедност, кажа дека е срам за државата што граѓаните викендов заминуваа во Србија на вакцинација.


Филипче одговори:

-Разочарам сум навистина од изјавата, кога буквално цел свет е во војна со вакцините. Буквално секој кој што може треба да се вклучи во таа борба. Тука сега да се заинтересира некој само за своите права, е некоректно. Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините. Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција… Србија е ретка земја и Израел кои успеаја да вакцинираат добар процент. Добро направи Србија, го ценам како навистина пријателски чин, кога имаат вакцини, ги отворија вратите за сите соседни земји, рече Филипче.


извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838