(Видео) Macoвни отпyштaња во текстилниот сектop


Масовно отпуштање на текстилните работници. Први „на удар“ се работниците на кои им истекуваат договорите на определно време. Првиот човек на Асоцијацијата на работодавачи вели дека состојбата е повеќе од сериозна, а последиците од Ковид пандемијата допрва ќе се почувствуваат, зашто магацините се полни, а извоз нема.


– Бројот на вработени се намалува од 30% до 50% од поранешниот број на работници. Кај нас, во најдоброто време, пред 4-5 години во двете фабрики имавме 930 луѓе, сега ќе се сведеме на 550 луѓе, изјави Ангел Димитров, претседател на Асоцијација на работодавачи.

Идното намалување на вработените ќе мора да биде по основ на прогласување на технолошки вишок, вели Димитров, за што ќе бидат во постојан контакт со синдикатот и институциите.


– Првите отпуштања може да ги очекуваме на почетокот на октомври. Ќе видиме кога и кој работници сами ќе се пријават кои сакаат да заминат. Има голем број работници кои се постари, кои имаат здравствени проблеми и дали ќе има потреба да отпуштиме и други, изјави Димитров.


Во изминатиот период работата на конфекциите е драстично намалена, поради малкуте нарачки од странските партнери. 2020 година полесно се преброди, благодарение на шиењето на заштитни маски и опрема и владините пакет мерки кои предвидуваа исплата на плата и на работниците кои не одеа на работа од 70 % од минималецот.


– 2021 година се покажа како кобна. Финансиската помош за февруари и март ни помогна само да го пребродиме овој период сега до август, бидејќи користењето на помошта не обврзуваше да ги задржиме работниците на работа уште 2 месеца и сега веќе неизвесноста е толку голема што воопшто не знаеме понатаму колку работа ќе имаме и што ќе се случува на пазарите во Европа, додаде Димитров.


Единствено решение за спас на работните места, според Димитров е Владата да го намали финансискиот товар врз работодавачите со ослободување од даноци и придонеси.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838