СВЕТСКИ РЕКОРД: Во Тетово за 20 минути ограбени две банки


МВР во својот полициски билтен информира дека ноќеска во периодот од 03:30 часот до 03:50 часот во СВР Тетово било пријавено грабеж во две банки.


Во првиот интервал во експозитура од банка во склоп на трговски центар во Тетово, три лица со употреба на сила влегле внатре и одзеле пари.


Петнаесетина минути подоцна засега непознати сторители исто така со употреба на сила влегле во експозитура на друга банка во Тетово, но овој пат одзеле пари од банкомат.


Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

29060043_2016680208590936_36926234558838