Во случај на пожар нема да се користат канадерите, бидејќи не се сервисирани

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути во интервју за Радио Слободна Европа откри дека противпожарните авиони кои ги поседува државава нема да може да се користат во случај на пожар бидејќи се уште не се сервисирани. Авионите се уште не се сервисирани, затоа што постапка за сервисирање на авионите била спроведена и лани, односно во текот на 2020, неуспешна и на некој начин ни се појавува отворено временски рок во кој авионите не можат да летаат, затоа што се уште се сервисираат, откри Максути додавајќи дека деновиве интензивно привршуваат, односно веќе сме спремни за каков било одговор во однос на справувањето со пожарите.

-Можам да кажам дека постапката за сервисирање на авионите е започната, но имаме и жалби и некои компликации во однос на процедурите, оти знаете дека таа спаѓа во она што се нарекува критична инфраструктура и е постапка, односно работа којашто не трпи импровизации, вели Макусти во интервју за РСЕ.

Сервисирањето на канадерите годишно државава ја чинат 400 илјади евра, а секоја година, барем во оние години кога тие беа сервисирани, тендер се склучува со ист оператор за која Максути вели дека е единствената фирма која учествувала во јавната набавка. – За жал, можам да кажам сега, не би било коректно и убаво да спомнуваме имиња, меѓутоа шпанската фирма Титан, која и порано постоела но со различно име, успеала да биде, можеби, единствената фирма којашто учествувала на јавната набавка. Тоа по сите прописи не би требало да биде така, бидејќи ние така зависиме само од еден оператор, ние не можеме да го одбереме и најповолното и најевтиното и најдоброто за нас. Од друга страна тие се единствените понудувачи на резервните делови во Европа и се застапници на американската фирма која ги произведува деловите за овој тип на авиони. И на некој начин, скоро секоја година, сме условени со тоа што од овој оператор се зголемува енормно цената за сервисирање за 30 до 40 отсто секоја година ни стигаат покачување на побарувањето од нивна страна и покрај тоа што планираните средства, според потребите, се драстично помали од тоа што вистински има потреба.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838