Во чест на Свети Наум, Марко Пејчиноски повторно го преплива Охридското Езеро


Марко пред три години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Марко Пејчиноски од Охрид, денеска по втор пат го преплива Охридското Езеро. Нему му беа потребни нешто повеќе од 14 часа за од Охрид да исплива до Свети Наум. Овој пат тој пливаше во чест на православниот празник посветен на Свети Наум, кон кого охриѓани имаат изградено култ на чудотворец и исцелител. Манастирот посветен на Светецот уште од синоќа го посетија голем број верници со молитви за здравје.



29060043_2016680208590936_36926234558838