МИЛЕВСКИ: На Менде „Синдикалецот“ малку му се 20 тендери, во РЕК Битола ја вработиле и жена му


На Менде Синдикалецот од РЕК Битола воден од СДСМ, малку му се милион евра за семејната фирма, додека е вработен во РЕК Битола, па морал да ја вработи и жена си, во загубарот РЕК Битола на Васко Ковачевски. Да потсетам Менде Синдикалецот, само лани и годинава, има добиено тендери за неговата фирма вредни еден милион евра! Милион евра од РЕК Битола! Од 2017-та година оваа мала компанија, „КОМПАКТ МСФ“ ДООЕЛ Битола, редовно добива тендери од загубарот РЕК Битола, толку редовно што само лани и годинава се 20 на број! 20 тендери за година ипол, обвинува Пеце Милевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.


-Но, тоа е малку за синдикалците и функционерите на СДСМ во РЕК Битола, па при она цунами на партиски вработувања 2019/2020 година, меѓу заслужните роднини на функционери на СДСМ се најде и сопругата на Менде, Летка Фидановска, која е вработена во службата за деловно техничка апликација како организатор на обработка. Малку е што сопругата е управител на фирмата што зела милион евра само од лани до сега, малку е што е потписник на договорите меѓу РЕК Битола и фирмата „КОМПАКТ МСФ“, морала да биде вработена како сопруга на заслужниот Синдикалец на СДСМ? Ова е срамно и се коси со сите морални норми. Синдикалниот лидер откако е тоа има земено тендери во висина од 1.131.380 евра од РЕК Битола, каде што и сам работи! Згора на тоа во РЕК Битола ја вработува и неговата сопруга, инаку потписник на фирмата која што ги добива тендерите, обвинува тој.


Милевски потенцира:


„РЕК Битола тоне, ЕЛЕМ е во загуба од 47 милиони евра, по еден цел милион секој месец, а од Менде нема ни збор за тоа. Од Синдикатот нема збор ниту за скандали за рекети, за дрпање пари од ископ.


Ваква спрега на мафијата со Синдикатот немало од ерата на Ал Капоне! СДСМ ги потона РЕК-от и ЕЛЕМ во долгови, се најавуваат отпуштања и затворања, а одбрани фирми вртат милионски тендери! СДСМ е најлошото за Битола, најлошото за загубарот РЕК Битола, СДСМ е најлошото за Македонија“.


29060043_2016680208590936_36926234558838