ЗАЕВ: Во понеделник уште рано од сабајле ќе аплицирам за пасош со името „Северна“


Зоран Заев во интервју за ТВ21 истакна дека од 5-ти јули, понеделник ќе започне издавањето на новите пасоши со името „Република Cеверна Македонија“.

-Јас ќе бидам првиот, во понеделник сабајле што ќе аплицирам, ќе го земам првиот пасош. Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор, истакна Заев.

Тој вели дека започнати се разговорите со федерациите. -Голем дел од федерациите спортски го сменија името согласно Уставот, затоа што тие се репрезенти или репрезентации на Cеверна Македонија и редот е да ја претставуваат Македонија. Верувам дека тоа ќе го постигнеме и со фудбалската федерација, додава Заев.

29060043_2016680208590936_36926234558838