МИЛЕВСКИ: Петровска не обезбеди ниту една инвестиција, не отвори ниту едно работно место во Битола


Реакција на претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, Пеце Милевски по повод 9 годишнината од почетокот на изградбата на Кромберг и Шуберт во Битола:


9 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИЗГРАДБАТА на најголемата „гринфилд“ инвестиција во поновата историја на Република Македонија и тоа како важна инвестиција за БИТОЛА, КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ


Едно време (па и не толку одамна) немаше недела, а да не се отвори некој објект, спортска сала, училиште, да се пушти нов пат или пак без да се отвори НОВА ФАБРИКА.

За разлика од тогаш сега не се знае кога последен пат сме отвориле фабрика ?

Инвестиции нема со оваа власт и таа очигледно е дека не може повеќе од ова.

СДС, Наташа Петровска и оваа локална самоуправа, не обезбедија ниту една инвестиција, не отворија ниту едно ново работно место, не реализираа ниту еден капитален проект!

За Битола, четири изгубени години се многу!


29060043_2016680208590936_36926234558838