Филипче: Нема потреба за нови построги мерки, вирусот е раширен во цела држава

Нема потреба од воведување нови построги мерки, односно тие не би дале резултат, оцениле епидемиолозите на утринската координација со министерот Венко Филипче.

Според анализите на епидемилозите, со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран, нема потреба од нови мерки. Тоа според епидемиолозите значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава.

На состанокот е утврдено дека болничките капацитети за прием на ковид пациенти за разлика од ноември се зголемени за 50%, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни.

Членовите на Комисијата за заразни болести се во секојдневна координација и комуникација и во текот на неделата ќе одржат состанок. Во текот на периодот кој следува останува да се следи ситуацијата и согласно истата доколку е потребно да се дејствува, тоа ќе се направи.



извор: скопје инфо






29060043_2016680208590936_36926234558838