Paзлики мeѓy дeлтa cojот и oбичниoт кopoнaвиpyc – eвe штo тpeбa дa знaeтe

По појавата на делта варијантата во регионот, експертите од областа на епидемиологијата и вирусологијата веќе ги анализираат сите разлики меѓу двојниот мутант и првичната варијанта на корона вирусот. Појаснуваат дека на удар се повеќе младите луѓе кои од разни причини не се вакцинирани, а пред се во голем дел од земјите, поради недостаток на вакцини, се уштре не дошле на ред да се заштитат со одредена вакцина.

Српскиот вирусолог, д-р Тања Јовановиќ, како гостин во дневникот на РТС, изјави променетата делта варијантата на вирусот е позаразна, полесно се шири, а ги напаѓа и помладите луѓе, и дава клиничка слика што е малку променета во споредба со претходни соеви. – Вирусот се менува и она што е специфично е тоа што е поотпорен на повисоки температури во споредба со другите варијанти. Обично се јавува кај помлади луѓе и дава слика на многу силна настинка, можеби нема симптоми на губење на мирис и вкус, но може да доведе до тешка форма за која е потребна хоспитализација – рече Јовановиќ, нагласувајќи дека симптомите вклучуваат кивање, болно грло, главоболка.

Лицата од Србија кај кои е откриен делта, не биле вакцинирани. Доколку патувате, вакцинирајте се за да немате проблеми и за да не се случи да внесете нова варијанта на вирусот во земјата, апелира д-р Јовановиќ.

Ситевакцини, како што вели таа, се многу ефикасни и обезбедуваат многу висока заштита од новиот вид на корона вирсот.

– Мислам дека вирусот ќе продолжи да се менува и дека ќе мора да примиме ревидирана вакцина, бидејќи сите вакцини се направени за варијантата од Вухан. Новите варијанти се загрижувачки, тие делумно влијаат на ефикасноста на терапијата и малку на ефикасноста на вакцината. Сигурна сум дека ќе мора да направиме сезонска вакцина против Ковид-19, потенцира Јовановиќ.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838