(Видео) Мopничава порака на кинескиот лидер: Ќе има кpв и cкpшени глaви ако не пpeдизвикате


Кинескиот претседател Си Џингпинг денес предупреди дека секој што ќе се обиде да ја малтретира Кина „ќе се соочи со скршени глави и крвопролевање“, во морничав говор поздравувајќи го подемот на земјата, по што следеа овации од внимателно избрана толпа на прославата на стогодишнината од основањето на владејачката Комунистичка партија.

Со невообичаено остар јазик, Си се чини дека ги возвраќа ударите кон САД и другите кои ја критикуваа воената експанзија на Кина и кршењето на основните човекови права. Во едночасовниот говор, тој исто така рече дека нацијата мора да се држи до својот еднопартиски систем, истакнувајќи ја улогата на комунистите во издигнување на Кина на светска сцена.

Митингот – на кој имаше воен прелет и луѓе кои вееја кинески знамиња и пееја патриотски песни – на некој начин потсети на масовните настани кои ги правел Мао Це Тунг, основачот на комунистичката Кина. Си носеше сив костум со закопчано копче, како оние што ги фаворизираше Мао и зборуваше од истиот балкон на Портата Тјенанмен каде што револуционерниот водач прогласи почеток на комунистичкото владеење во 1949 година. Повеќе од 70.000 луѓе присуствуваа на насатанот според официјалните вести на Синхуа Агенција. Си кој е на чело на партијата и се смета дека размислува за трет мандат од следната година, доби најголем аплауз кога рече дека партијата го вратила достоинството на Кина по децениското потчинување на западните сили и Јапонија во 19 и 20 век и е втората по големина економија во светот во последните децении.

„Кинескиот народ апсолутно нема да дозволи никаква странска сила да нè малтретира, угнетува или поробува и секој што ќе се обиде да го стори тоа ќе се соочи со скршени глави и крвопролевање пред железниот ѕид на 1,4 милијарди Кинези“, рече Си, кој ги елиминираше ограничувањата на функцијата, предизвикувајќи шпекулации дека може да владее доживотно, како што тоа го правеше Мао.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838