Шoкaнтен пpecврт во ставот на СЗО: ЗДPABИТЕ ЛУЃЕ HE TPEБА ДА HOCAT MACКИ - CNN TV


Здравите луѓе да не носат маски, повторно апелираат од Светската здравствена организација, нагласувајќи дека тие се потребни само за оние кои се заразени со коронавирусот или пак за луѓето кои се грижат за пациенти.


Си-Ен-Ен ја пренесува изјавата на директорот за управување со вонредни состојби на СЗО, Мајкл Рајан, во која тој вели дека нема конкретни докази кои сугерираат дека масовното носење маски има потенцијални придобивки. Истовремено истакнува дека неправилната употреба на маските може само да направи повеќе штета отколку добро во борбата против ширењето на вирусот.


Рајан вели дека според Светската здравствена организација, маските се единствено наменети за болните и за здравствените работници.


-Глобален проблем е недостатокот на маски и на други медицински материјали. Луѓето со најголем ризик се здравствените работници кои се изложени секоја секунда, секој ден. Помислата дека немаат маски е страшна, изјави Рајан.


Ваков став СЗО имаше и на почетокот од пандемијата, кој подоцна беше сменет и маските станаа задолжителни.


Д-р Марија Ван Керхове, епидемиолог на заразни болести при СЗО, исто така рече на брифингот во понеделникот дека е важно „да даваме приоритет на употребата на маски за оние на кои им е најпотребна“, односно за здравствени работници од прва линија.


„Во заедницата, ние не препорачуваме употреба на маски, освен ако не сте сами болни и како мерка за спречување на понатамошно ширење од вас доколку сте болни“, рече Ван Керхове.


„Маските што ги препорачуваме се за луѓе кои се дома и кои се болни и за оние индивидуи кои се грижат за оние луѓе кои се дома и се болни“, рече таа.


Извор: Си-Ен-Ен

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum