Џафери повторно го прекрши Уставот, говорејќи на Албански на Самитот во Брисел

Го прекрши ли Уставот претседателот на собраните Талат Џафери при обраќањето пред Комитетот за надворешни работи во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан говорејќи на Албански јазик. Наспроти членот 7 од македонскиот Устав, според кој што на целата територија во Републиката и во нејзините меѓународни односи службен јазик е Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, спикерот Џафери се обрати на Албански јазик на состанокот на Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), во соработка со постојаните делегации од Западен Балкан и претседателите на парламенти од Западен Балкан, со кој претседаваше Дејвид Мекалистер.

Во телефонски разговор за „360 степени“, Џафери денеска од Брисел објаснил дека зборувал на Албански јазик единствено пред Комисијата за надворешни работи. – Вие сте го гледале само состанокот на Комисијата. А што станува со пленарната сесија? Во Брисел сум, не ме малтретирај, имате амбасадор тука, па прашајте како сум зборувал, рекол Џафери.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838